Вандализам во Сарај, уништени млади садници

Ова е сликата која екипите на „Паркови и зеленило“ ја затекнаа низ зеленилото во паркот Сарај.

Уништени се осум млади садници, а ова е само дел од вандализмот што доста често се случува низ парковите во главниот град, велат надлежните. 

Од ЈП Паркови и зеленило упатија апел до граѓаните да бидат совесни и да не ги уништуваат зеленилото и природата.