Реакции по вандализмот во Ѓорче Петров: Политизирање на секој обид за подобро утре е бедно и неморално

Бурни реакции во јавноста откако натписи „Убијци“, „фашисти“, „СОНК убијци на деца“ осамнаа на ѕидовите од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров.  

– Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР под итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира, вели градоначалникот на општина, Александар Стојкоски.

Еве што вели јавноста за овој чин на вандализам: 

-Децата се нашата иднина, а со ова каков пример им даваме? Срамота!

- Да се најдат сторителите и да си добијат казна. Некултурата и безобразието мора да се искоренат, очигледно само со казни. Наставниците ја создаваат иднината на нашите деца и треба да им ги исполнат барањата. Не да ги понижуваат.

-Политизирање на секој обид за подобро утре е бедно и неморално. Поистоветување на воспитувачите, негувателките и наставниците со убијци и монструми затоа што штрајкуваат за нивните права е работа за загрижување. Срамота!

-Да се најдат сторителите и да се санкционораат. Овие објекти треба да ги чуваме, да ги одржуваме да градиме нови. Некултурата и безобразието мора да се искоренат, очигледно само со казни.

-Вандализмот строго да се казни...Политичките препукувања до кога ќе траат, кога ќе престанат и кога еднаш ќе се вразумат таквите екстремни случаи...лекување во психијатриски болници за сите кои посегнуваат било да се објекти или по човечки суштества...