Утре сонце, до крајот на работната недела доаѓа влажен бран

Денеска имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Од УХРМ информираат дека во текот на работнава седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во западните и јужните делови. Од утре до петок ќе дува умерен,повремено засилен југоисточен ветер.