Уште една македонска општина воведе бесплатен превоз

Секој понеделник и среда ќе има бесплатен линиски превоз во општина Пробиштип, а за реализација на проектот ќе се издвојат 560.000 денари.

- Бесплатниот линиски превоз во Општина Пробиштип го воведуваме на барање на граѓаните, опфатени се 20 рурални места во нашата општина и е со цел да им се излезе во пресрет на повозрасната популација. Превозот ќе го користат сите, вели градоначалникот Драган Анастасов.

Бесплатниот превоз ќе биде реализиран преку лиценцирани локални превозници.