Урагански ветрови од 200км на час и затворени патишта поради снег, во Хрватска на сила црвен метео аларм

Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови за регионот на Риека, Кварнер и Велебитскиот канал, а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила,a можни се налети на ветар и до 200 километри на час.

Поради невремето патниот правец А1 меѓу Свети Рок и Поседарје е целосно затворен за сообраќај, додека на повеќе патни правци забраната за движење е на сила за двокатни автобуси, мотоцикли и возила со приколки.

https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=172&loc=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fregion1%2Fvo-hrvatska-na-sila-e-crven-meteo-alarm-se-ochekuvaat-vetrovi-i-do-200-kilometri-na-chas%2F&cb=f1808a11efВо останатиот дел од земјата важат жолти и портокалови предупредувања, исто така поради бурните ветрови, додека во Славонија, во Загреб и Карловац и на планините, жолт аларм е во сила поради можен снег.