„Украина бара нова помош од нас, имаме морална обврска да помогнеме“, вели Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска гостуваше во „Click Plus“ на „ТВ21“ и кажа дека Украина бара нова помош.

Петровска кажа дека имаме морална обврска да помогнеме и поддршката за Украина ќе продолжи сè додека е потребно.

- Поддршката за Украина ќе продолжи додека е потребна, пред сè политичката, меѓутоа и воената помош. Очекувањата за Украина можеби беа големи, меѓутоа тоа што е приоритет на сите сојузници е да помогнеме на Украина да го помине овој тежок период, кажа Петровска.