Уапсени малолетници - среде бел ден нападнале и се обиделе да украдат парчник на момче

Полицијата уапси три малолетници од Скопје. 

- На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот, извести МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.