Уапсени двајца малолетници, украле мотоцикл

Вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово, полицијата приведе двајца малолетници.

Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.