Деветмина малолетници ќе се соочат со кривична поради „насилство“

Полицијата поднесе кривични пријави против вкупно девет малолетници. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против осум малолетници од Тетово и еден од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.09.2023 во Тетово, пријавените физички го нападнале С.А и му нанеле повреди, соопштија од полицијата.