Уапсени двајца дилери во Струмица

На 15.01.2024 година во 23.50 часот во дворот на хотел во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес кај две лица Р.Р кај кого пронашле 2 пакетчиња и Г.А. кој имал едно пакетче кокаин. Лицата биле задржани во полициска станица а бил запознаен и јавен обвинител.

Против овие лица во текот на вчерашниот ден СВР Струмица до ОЈО Струмица има поднесено кривични пријави против Р.Р(30). од село Трпејца, Охрид и Г.А.(39) од Радовиш  поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон.

Но освен овие мерки превземени од МВР дополнително во текот на вчерашниот ден е извршен претрес во домот на Р.Р. во Радовиш каде му е пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.