Уапсени двајца дилери, во автомобилот им пронашле дрога и дигитална вага

На 05.02.2024 во 22.00 часот на улица „22 Декември“во Кавадарци, од страна на полициски службеници, уапсени се А.К.(20) и Ѓ.П.(22), двајцата од Кавадарци.

При преглед на патничко возило „сеат“ со кавадаречки таблички, управувано од А.К., а Ѓ.П. бил сопатник, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дигитална вага.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.