Уапсена ученичка, полицијата среде ден ѝ најде дрога

Полицијата уапси 18-годишна девојка кај која среде ден била пронајдена марихуана. 

На 25.03.2024 во 13.00 часот во средно општинско училиште во Битола, полициските службеници на СВР Битола лишиле од слобода 18-годишна ученичка од ресенско затоа што кај неа била пронајдена и одзмена марихуана, извести полицијата во дневниот билтен. 

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.