Марихуана пронајдена кај 61-годишен охриѓанец

Полицијата пронајде марихуана кај 61-годишник од Охрид. 

На 23.01.2024 во 12.00 часот на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.А.(61) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата во дневниот билтен.