Ќе се реконструира спортското игралиште во Нерези

Општина Карпош презеде иницијатива за целосна реконструкција и проширување на фудбалското игралиште кое се наоѓа на улица „Козле 8“, во реонот на населбата Нерези.

Станува збор за спортски терен кој зафаќа површина од 540 м2, во чии рамки е поставена подлога од вештачка трева. За да се постигне поголема функционалност и безбедност бидејќи се наоѓа непосредно до улица, игралиштето е заштитено со жичена ограда и истото ќе биде осветлено со штедливи ЛЕД - светилки, информираа од општина Карпош.