Уапсена 23-годишна тетовка, била барана со потерница

Вчера околу 13 часот и 20 минути на ул.„Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик, извести МВР.

„Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени“, соопшти МВР.

Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.