Уапсен тетовец баран со потреница

Вчера полицијата уапсеи 42-годишен тетовец. 

- Вчера во 17 часот во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле А.М.(42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело казниво по член 288 и член 396 од Кривичниот законик, информираа од МВР. 

Тој е спроведен во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.