Приведен дилер баран со потерница за казна затвор од три ипол години

„Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 20 часот и 40 минути на улица „Киро Ристевски - Дрнц“ во Тетово го привеле 51-годишниот тетовец Н.Е, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната“ се вели во известувањето на МВР.