Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци.
Доктор Нико Беќаровски, преку објава на неговиот фејсбук профил, појаснува колку треба да е растојанието меѓу примањето на дозите од оваа вакцина која штити од голема капшлица.
- Сите кои ме прашувате што значи да се примени СИТЕ ТРИ ДОЗИ DTaP вакцини ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ, еве Ви едноставен пример:
1 доза септември 2023
2 доза ноември 2023
3 доза јануари 2024
Ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина. Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките, појаснува докторот.
Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, појаснува познатиот доктор Беќаровски.