Три лица тепале маж во Центар, употребиле и стаклено шише

По претходна вербална расправија три лица тепале маж во Центар при што употребиле и стаклен предмет. Од СВР Скопје известуваат дека до нив стигнално пријава за физичка пресметка во 1:25 часот помеѓу четири лица и тоа Ф.К.(36) од една страна и А.Е.(49), Е.Е.(44) и А.М.(26) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и стаклен предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок велат од МВР