Три дена не работеа хируршките сали на Клинички, неофицијално проблем бил доводот со кислород

Три дена биле надвор од функција хируршките сали на Клинички центар. Неофицијално Скопје инфо дознава дека причина за ваквиот застој бил доводот на кислород кој е неопходен пациентите да се одржуваат во живот додека им трае операцијата. Од она што успеавме да го дознаеме до ова дошло откако Заеднички служби на Клиничкиот центар не го извршиле редовното сервисирање на машините.

За ваквата ситуација на Клинички реагираат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ каде велат дека непходната услуга не можеле да ја добијат дури ни итните животно-загрозувачки пациенти.

Според партијата недозволиво е ова да се случува во терциерното здравство каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат ваков настан се случува во историјата на македонското здравство.