„Треска“ се расчистува - демне нова бетонизација

Со сегашниот ДУП нема никаква пречка да се издаваат градежни дозволи. Со тоа се отвора простор за бетонизација на една од најтрактивните локации во срцето на градот. 

Започнува расчистувањето на објектите и опасниот отпад од поранешната фабрика Треска, со што на оваа атрактивна локација во центарот на Скопје се отвара патот за нова бетонизација и изградба на зградите во јавноста познати како „наполитанки“. Објектите ќе ги расчистуваат сопствениците на земјиштето кои што доставиле 36 барања за издавање решенија за отстранување објекти, од кои се одобрени 13.  

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на прес-конференција во кругот на фабриката информираше дека мора итно да се реши прашањето со Треска , која што стана вистинска депонија, а просторот во кругот на фабриката, каде што неодамна имаше и пожар, наликува на Чернобил.

Но, од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ за ДВ велат дека Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото , за мемориски момент од фабриката и за простор наменет за достоинство на граѓаните, а не само профит за инвеститорите.

„Расчистувањето на Треска од инвеститорите и од општината, а кое го објави градоначалникот, е секако потребно, но иако тој се обидува да не убеди во стравичноста од загадениот простор, сепак не ја препознава стравичноста од чекорите за реализација на апетитите за бетонирање на овој простор. подлегнат само на економскиот притисок и желбите на инвеститорите и аспирациите на сопствениците, туку вистински да се вклучат во креирање на достојна за луѓе квалитетна градска средина“, укажуваат од граѓанската иницијатива. 

Целиот текст на Дојче Веле