Тешко повреден 18-годишен мотоциклист

18-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка кај ресенско. 

На 14.04.2023 околу 18.15 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на првата крстосница за влез на с.Грнчари, ресенско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(18) од с.Асамати, ресенско и патничко возило „киа“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Е.А. констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен.