Трагедија во Кочани: Почина малолетник, во бесознание бил донесен во болница

16-годишен малолетник починал во Кочанската болница, смрт констатирал лекар. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20.30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Општа болница во Кочани, во безсознание бил донесен 16 – годишен малолетник Х.Д.

И покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.