Почина едногодишно бебе во болница во Охрид

Едногодишно бебе било донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата била констатирана смрт.

Денес во 7:44 часот, во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство, информираа од СВР Охрид.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, додаваат од СВР Охрид.