Тошковски во посета на ЕВР Карпош: Полицијата да биде на висина на задачата и да овозможи спроведување мирен и демократски изборен процес

Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше во посета на Единицата за внатрешни работи Карпош, каде што одржа работен состанок со раководството, извести МВР.

Како што соопштуваат од Министерството, на состанокот од страна на раководството на ЕВР Карпош биле презентирани структурата и кадровската пополнетост на Единицата и беа истакнати неколку проблеми со кои се соочуваат во работењето од аспект на човечки ресурси и материјално-технички средства.

На состанокот заеднички се констатира дека потребно е во иднина да се инвестира и работи во насока на подигнување на мотивацијата и условите во кои работат полициските службеници бидејќи полицијата е лицето на државата.

Од страна на министерот Тошковски беше побарано во пресрет на двата изборни циклуса кои нè очекуваат да се преземат сите потребни мерки и активности со цел полицијата да биде на висина на задачата и да овозможи спроведување мирен и демократски изборен процес, соопшти МВР.