Тошковски: Се превземаат мерки за зголемување на капацитетите за изработка и испорака на документите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес  го посети Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.

Тој вели дека се разговарало за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите.

- “Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на овие луѓе кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет“ се вели во објавата на Тошковски.