Тоа што можеа наставниците за тие пари да купат во јуни, во септември не можат, вели Јаневска за растот на платите

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто.  

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН. 

Сепак, професорката Весна Јаневска која е и претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО, смета дека ова покачување нема вредност и дека е во пресрет на изборите. 

- Да не е трагично би било смешно. Покачување на платата на наставниците за 15% во услови кога цените и инфлацијата дивеат. Тоа што можеа наставниците за тие пари да купат во јуни, во септември не можат, но избори се ближат, напиша таа на својот фејсбук профил.