Тебе нема никогаш да те оставам - Весна Бејби со емотивни зборови кон Тоше

Нашата позната актерка Весна Петрушевска-Бејби со емотивна објава се сеќава на Тоше, нашата музичка легенда кoja загина пред 16 години

- Секој 15ти октомври е ист. И тоа точно некаде околу 22 часот. Завршивме околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема. Небото е поделено на 7 елементи. Виножитото има 7 бои. Сакам да мислам на тебе затоа што тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава. Ти уживаше во секое изгрејсонце, бидејќи знаеше дека никому не е ветено утре, дури и остатокот од денес.Тагата е љубов што не сакам да ја оставам.Тебе нема никогаш да те оставам.Те сакам,твоја Бејби. - напиша Весна на својот фејсбук профил споделувајки нивни заеднички фотографии.