Весна Бејби: Не верувајте на политичарите, секогаш е ПР - верувајте на сопствениот ум, инстинк и волја

Нашата позната водителка и актерка, Весна Бејби Петрушевска, која неодамна го изгуби својот татко, упати искрена и емотивна Новогодишна честитка до фановите. 

Еве шти пишува во неа. 

Во следната година ви посакувам :

-не отварајте бизарни и вести кои нема ама баш никако да ви го разбистрат умот, напротив затапуваат

-бидете храбри -сторете нешто со вашиот живот и учете ги вашите деца на здрав живот, читање книги и кријте им ги гаџетите барем три пати неделно (не е кривично дело)

-не верувајте на политичарите секогаш е ПР, верувајте на сопствениот ум, инстинк и волја

-кога ќе изгубите родител веќе сте потполно сами и неутешни

-се надевам дека следните наслови во медиумите ќе бидат исполнети со успесите на млади деца актери, со актери кои растураат на сцена и дека тоа ќе видат главни вести (а не оние шушумиги како *срушиле* инстаграм со очајна потреба за лајкови и кликови)

-Јас не престанав да мислам и да работам за да оставам знаење на младите генерации. Не свиткав кичма на бизарностите и тривијалностите. Се смеам и кога не престанувам да плачам.Ќе се обидам да ја живеам духовитоста на мојот татко кој беше за мене инспирација со широката насмевка. Бидете свои и кога грешите и да гледајте „Агенда21“ тоа е убедливо најдобриот тв формат годинава, порача нашата позната јавна личност која секогаш е гласноговорник за подобро општество.