Свети Сава – 27 јануари неработен ден за српската заедница во земјава

Свети Сава – 27 јануари е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Празникот Свети Сава е неработен ден согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.