Стотици специјалци влегоа во Идризово утрово - ова е причината

Голем број припадници на полицијата утрово вршат претреси во Казнено поправната установа Идризово во Скопје.

Специјалци вршат претреси низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети. Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.

Официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.