Витката линија не е само прашање на добар изглед. Согорувањето на масните наслаги е неопходно за доброто здравје и за намалување на ризикот од различни заболувања.
Нутриционистите секаде низ светот се согласуваат дека губењето на килограмите бара комбинација на здрава храна и редовно вежбање. Меѓутоа, постои еден пијалок кој може да го забрза сео тоа.
Потребно ви е:
- вода
- ѓумбир
- краставица
- лимон
- листови нане
Начин на подготовка:
Прво изрендајте го исчистениот ѓумбир, па излупете ја краставицата. Исечете ги овие плодови на тенки кришки. Исечете го и лимонот и подгответе 12 листови нане.
Измешајте ги овие состојки со 8 чаши вода. Оставете го овој напиток да отстои 12 часа или пак преку ноќта. Пијте го следниот ден кога ќе почувствувате жед, наместо вода. Се препорачува да пиете барем 4 дена без престан, за да ги забележите првите резултати.
Најдоброто нешто е дека е потполно природен.