Спиро Ристовски бил неправедно држен во притвор 21 месец, одлучи Судот во Стразбур

Поранешниот министер за Труд и социјална политика, Спиро Ристовски доби позитивен одговор за спорот што го водеше пред Судот за човекови права во Стразбур поради должината на неговиот притвор од 21 месец за случајот „27 април“. Во пресудата на Стразбур се вели дека домашните судови се повикувале на политички причини што не е според начелата на Судот во Стразбур.

Коста Богданов, адвокатот на Ристовски за “Република“ вели дека е повредено правото на слобода за притворот чии причини за продолжување не биле релевантни.

- “Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор“ -објаснува Богданов

Оштетата што државава мора да му ја плати на Ристовски е симболична и изнесува 750 евра додека за судски трошоци таа изнесува 1500 евра. Без разлика на оваа пресуда според македонските закони не може да се бара ретроактивно финансиска оштета за држењето во притвор.

Случајот „27 април каде Ристовски е еден од обвинетите е вратен на повторно судење