Совладајте го утрото: 5 важни совети за добар почеток на денот од фитнес тренерот Даниел Трбогазов

Во светот на бескрајни можности и предизвици, но и континуиран стрес, секое утро носи нова шанса да го искористите успехот, да ја прифатите благосостојбата и да го подобрите начинот на живеење. Во денешната статија, разговараме со Даниел Трбогазов - тренер за фитнес и велнес ентузијаст кој ги споделува своите стручни совети за петте суштински работи што можете да ги направите за добар почеток на денот.

На самиот почеток Даниел вели дека кога станува збор за квалитетен почеток на денот и задржување на продуктивноста во текот низ целиот ден, потребно е да се земат во предвид повеќе фактори кои неопходно е да ги негуваме во нашето секојдневие и да ги прифатиме како дел од нашиот животен стил. Сите овие совети и насоки,  не само што ќе ви го подобрат утрото, ќе се погрижат и да  се подобри квалитетот на вашето севкупно ментално и физичко здравје.

Ова се советите од Даниел: 

1. Поставете правилна хигиена на сонот: 

Доколку сакате да добиете свежина и да бидете поенергични во утрото важно е да осигурате доволно време за одмор и сон.Посветете се на редовен распоред на спиење и бидете сигурни дека ја создавате правилната атмосфера за спиење во вашата спална соба.

Неколку рутини кои се препорачуваат пред спиење:

  • Два часа пред спиење не го користите вашиот телефон,
  • Внесете Витамин Б6 и добро хидрирајте се 2 часа пред да си легнете.
  • Направете распоред за утрешниот ден, ставете ги вашите обврски на хартија за да не ги мислите во текот на ноќта.
  • Спијте во целосно темна соба за поголема регулација на Хормонот Мелатонин.
  • Регулирате ја температурата во собата да ви биде пријатна.

2. Направете хидратација и ревитализација пред утринското кафе: 
Доколку сакате утрото да ви биде побудно, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје пред да се напиете  утринско кафе е да се хидрирате и реминерализирате. Веднаш по станувањето на празен стомак напијте се една чаша вода со хималајска сол. Чашата треба да содржи 250 милилитри вода со една мала лажичка сол. 

Со практикување на оваа рутина вие му помагате на вашето тело да: 

  • Внесе 84 минерали кои ви помагаат да се регулира Ph вредноста во вашиот организам.
  • Ја ублажуви болката во воспалените мускули.
  • Го засити организамот со електролити и ја регулира хидратацијата во организамот.
  • Ја подобри комуникацијата помеѓу сигналите од вашиот мозок кон телото и 
  • Го подобри квалитетот на сонот. 

И најважно од се: кога ќе го испиете првото утринско еспресо, едноставно кафето нема да го намали вашиот перформанс како диуретик и на тој начин нема да дозволите да ве дехидрира.

3. Направете дозиран оптимален утрински тренинг.
Утринскиот тренинг има неколку предности за здравјето и општата добрина на организмот. Еве неколку причини зошто е здраво да се вежба утрински тренинг:
- Тој го активира метаболизмот и помага во поголемо потрошување на калории токму пред да го почнете денот и истиот ќе се грижи за постабилен хормонски баланс во текот на денот.
- Утринскиот тренинг го поткрева расположението и ја подобрува концентрацијата со што  влијае позтивно на целиот ден.

4.  Започнете го денот со ладен туш:
Ладниот туш го активира симпатикус во централниот нервен систем, со тоа стимулира лачење на ендорфин и ви го поткрева расположението.Ладниот туш воедно и го кали организамот и со тоа го зголемува имунитетот и не прави поотпорни на болести. 
Моја препорака: Пробајте 30 дена наутро да се туширате со ладен вода.

5. Одложете го појадокот или внесете здрави масти за доручек.
Доколку го одложите појадокот во утринските часови, вашиот метаболизам ќе ги користи резервните шеќери како гориво и со тоа ќе имате повеќе ментален фокус и по стабилен хормонски баланс. Доколку ви звучи неизводливо одложувањето, тогаш обидете се за доручек да внесете здрави масти. Со тоа ќе се зголеми нивото на енергија и нема да чуствувате глад, а поради стабилниот хормонски статус ќе ви се подобрат концентрацијата и когнитивните способности.