СОСТОЈБАТА НЕПРОМЕНЕТА: Маџиров сè уште на апарати за дишење

Зоран Маџиров, познатиот музичар, сè уште е приклучен на апарати за дишење и нема промена во неговата здравствена состојба по сообраќајката во која тој беше тешко повреден, а се случи пред пет дена. Од Клиниката за реанимација при скопските клиники велат дека прават сè за да му ја подобрат здравствената состојба.

Сообраќајката во која тој беше повреден се случи околу 16.10 часот на мокриот магистрален пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш. Маџиров го возел својот „мерцедес“. Од засега непознати причини тој се судрил при разминување со влекач „даф“ со кумановски регистарски ознаки со полуприколка „шмитз“, управуван од Н.А.(39) од Куманово.

Во незгодата задобил тешки повреди на главата, градите и на нозете. Откако бил извлечен од возилото, со итна помош бил пренесен во струмичката болница, а оттаму на скопските клиники.