По тешката сообраќајка, музичарот Маџиров е надвор од животна опасност

Познатиот музичар Зоран Маџиров вчера бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Струмица - Штип кај „Краварникот".

Маџиров од струмичката болница веднаш бил префрлен на скопските клиники од каде штоинформираат дека е надвор од животна опасност.

Сообраќајката се случила кога Маџиров, кој го управувал возилото „мерцедес“, удрил во тешко моторно возило - влекач и се превртел на патот.

Маџиров бил сам во возилото, тој со своето семејство живее во Загреб, Хрватска. На светската јавност Маџиров е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња.