Состанок на Комисијата за заразни болеси, дали ќе има нови мерки?

Во Скопје и Куманово e проглasena епидемија на голема кашлица, додека во Тетово се регистрирани 13 случаи на пертусис, со дополнителни заразени во уште десетина општини. Поради ваквиот развој на настаните комисијата за заразни болести ќе одлучи за нови мерки и препораки, а се очекува да се одржи состанокот денес.

Здравствените власти внимателно ја следат ситуацијата. Центарот за јавно здравје во Куманово прогласи епидемија со 23 случаи, додека во Скопје епидемијата е активна веќе два месеци со 315 регистрирани случаи, претежно кај бебиња. Се апелира за имунизација со вакцината Ди-Те-Пер.

Постои и загриженост за појава на морбили, кои се присутни во соседните земји, а значителен број лица во земјата не се вакцинирани со МРП вакцината.