Сообраќајот за автомобили преку Меџитлија се одвива нормално, се блокираат само камионите

Блокадата што беше најавена на граничниот премин Меџитлија се однесува само на товарните возила, додека за автомобилите влезот и излезот кон Грција се одвива најнормално

Блокада на земјолдеците од грчка страна ќе се одвива во период од 11 до 15 часот по македонско време, а според информациите нема никакви проблеми со движењето на автомобилите. МИА информира дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања. 

Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.