Блокиран граничниот премин Меџитлија, протестираат грчките земјоделци

Граничниот премин Меџитлија нема да биде во функција денес од 11 до 17 часот по македонско време, причината е што грчките земјоделци ќе го блокираат преминот Ники кој се наоѓа на грчка страна.

- “Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, известува МИА.

Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.

Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.