Сообраќајка во Пехчево: Мотоциклист заврши во болница

Мотоциклист од Пехчево е тешко повреден во сообраќајка, откако се судрил со патничко возило. 

- На 22.04.2024 во 19.40 часот во ОВР Берово било пријавено дека на ул.„Равен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, известија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.