Сончево време и денеска, влажен и студен бран доаѓа по викендот

Денеска ќе имаме студено утро, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.

Промена на времето со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува во понеделник.