Сончево или ќе врне? Ова е временската прогноза


 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и 
грмежи, а заради големата енергија ќе има изолирана појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и град.

 До средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.