Со камион излетал од автопатот Велес-Скопје и завршил во провалија

Камион со турски регистарски таблици излетал од автопатот кај Велес, после наплатната рампа Отовица и завршил во провалија. Како што соопштуваат од МВР инцидентот се случил вчеравечер околу 22:00 часот, а напомош биле повикани и пожарникари од Велес да го извадат возачот од превртеното возило.

- „На 2 јануари околу 22.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на Автопат А1 Велес – Скопје, после наплатна станица „Отовица“ на место викано „Пуста кула“, товарно возило „рено“ со приколка со турски национални ознаки, управувано од Р.С. (53 год) од Република Турција, излетало од патот“ – соопштија од МВР

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.