Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што го напушти местото на несреќата
Се работи за 12 годишно момче, кое се здобило со полесни повреди во ногата. Од СВР Скопје за „Макфакс“ потврдиле дека несреќата се случила на крстосница од улиците Московска и Женевска, а случајот бил пријавен вчера во 15 часот.
Пешакот потоа бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид на местото и трага по возачот на автомобилот.