Следната седмица два неработни дена

Следниот вторник е неработен ден, но не за сите граѓани. 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2023 година, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите. 

Следната недела има уште еден неработен ден, а тоа е среда. 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот "Св.Кирил и Методиј", Денот на сесловенските просветители.