Скопје мириса на пролет или на карантин?

Бројката на заразени и починати во последните неколку недели постојано е во пораст. Не пркосат ни младите ни старите. 

Болничките капацитети исполнети. Модуларните болници повторно во функција. Полициски час од 22 до 5 часот, а се шпекулира дека за време на викендите истиот ќе почнува во 17 часот. 

Вакцинацијата во светот и во соседството е во тек, но Македонија се уште нема вакцини, освен само оние неколку за вакцинација на медицинскиот кадар. 

Повторно Скопје е најголемото жариште во Македонија. 

Маските задолжителни и на отворено. Дистанцата помеѓу луѓето исто. Полицијата казнува на секој чекор. Но, граѓаните опуштени. 

Минатиот викенд сонцето ги измами скопјани, па така секое место наменето за одмор и релаксирање беше преполно со луѓе. Кафулињата и рестораните преполни со гости. Се резервира ден порано, да се добие маса на сонце. 

Дали се повторува истото сценарио од минатата година. Месец март, бројката се зголемува, на повидок нови рестрикции? Колку нашиот народ е повторно спремен на полициски час и карантин? Колку нашата економија ќе издржи уште еден такој удир?