Скопјанец се повредил на бензинска пумпа во Центар, итно пренесен во болница

Вчера во Полициска станица Центар, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 31-годишниот Р.Б. од Скопје, извести МВР.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор со лицето било констатирано дека тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во бензинска пумпа на подрачје на Центар.