Тепачка меѓу четири лица на бензинска пумпа во Чаир

Минатата ноќ се степале четири лица на бензинска пумпа во Чаир.

- На 02.01.2023 во 01.50 часот во Полициска станица Чаир Б.А.(20) од с.Арачиново, скопско и Ф.Љ.(21) од Скопје пријавиле дека околу 01.40 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир биле физички нападнати од К.Р. и А.Н, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.