Скопјанец извадил пиштол пред филијала на банка во Автокоманда

Скопјанец извадил пиштол пред филијала на банка во скопската населба Автокоманда, по реакција од вработен во објектот истиот си заминал. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 15.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Автокоманда во Скопје, пред филијала на банка дошло машко лице.

Според пријавеното, од ранецот кој го носел со себе извадил пиштол, но по реакција на вработен во објектот, лицето си заминало.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.