Полицијата уапси две лица, со пиштол пукале пред кафана во Охрид

Приведени две лица во Охрид откако пукале пред кафана. Пиштолот со кој пукале им е одземен а против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава извести МВР.

„Денес во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид.

Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П..

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.